+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

ЛГБТИК Терминологија

ЛГБТИК – е кратенка за зборовите лезбејка, геј, бисексуалец/ка, трансродно лице, Интерсекс, Квир.

Лезбејка– Лице од женски род кое доживува сексуална, романтична, физичка и/или духовна привлечност за други жени.

Геј (хомосексуалец) – Мажи кои се привлечени од мажи во романтична, еротска и/или емотивна смисла. Иако најчесто се користи за особи од машки пол кои се привлечени и стапуваат во интимни односи со други мажи, и двата израза геј и хомосексуалност се однесуваат како ознака и  за геј жени.

Бисексуалец/ка или Би – Лица кои доживуваат сексуална, романтична, физичка и/или еморивна привлечност за лица од нивниот пол, но и другите пола, немора да биде тоа во исто време, на ист начин или ист степен.

Трансродово лице – Поедноставен термин за луѓе родовиот идентитет на кои се разликува од биолошкиот, одреден по нивното раѓање.

Трнсексуалец/ка –  Луѓе со родов идентитет различен од оној кој им е наметнат од општеството според нивните оценки за биолошки пол. Транс (скратено) можат да бидат MTF (машко-вo-женско) и FTM (женско-во-машко). Нивната сексуалност не е директно поврзана со родовиот идентитет, и варира низ целиот спектрум на сексуални идентитети.

Квир – Квир не е сексуален ниту родов идентитет, напротив тоа е логика за истакнување на постојаниот процес на пресоздавање на нови сваќања за различните дадени идентитети од надвор и од внатре од личноста. Квир многу често се користи во политички цели за зголемување на видливоста на ЛГБТИ особите, но и внатре во движењето, да покаже дека работата врз сечиј идентитет не е конечна туку повеќеслојна и флуидна со текот на времето.

Интерсекс – Интерсекс  е збир на медицински услови кои покажуваат конгенитални аномалии на репродуктивниот и сексуалниот систем. Луѓето кои се Интерсекс се родени со надворешни гениталии, или внатрешни репродуктивни системи кои не се сметаат за „стандардни“ за машки или женски. Постоењето на интерсексуалци покажува дека не постојат само два рода и дека нашето размислувања за полот (обидувајќи се да те натераат сите да се вклопиш во кутијата за мажи или кутијата на жени) се социјално изградени.

Родов Идентитет – Означува внатрешно чувство за родов идентитет како маж, како жена, како нешто надвор од одвоеноста на родови, или како нешто измеѓу. Родовиот идентитет може да биде ист со доделениот пол по раѓање, или може да се разликува од него.

Сексуална ориентација  се однесува на чувствителна, романтична и сексуална привлечност кон личности од одреден пол, кон лица од спротивниот род, кон лица од истиот род или кон лица од двата рода. Овие сексуални ориентции се поделени нa хетеросексуално, хомосексуалност и бисексуалност.

Стрејт (Хетеросексуалност) – Лица кои се привлечени емотивно, романтично и/ или сексусално од лица од спротивниот пол.

Хомофобија – Омраза или страв кон хомосексуалците, најчесто од страна на хетеросексуални лица.

Бифобија – Омраза или страв кон лица кои се бисексуалци. Честа појава кај групи и индивидуи од различни сексуални оиентации и без разлика на родовиот идентитет. Ова е честа причина за дискриминација кон Би лицата поради појава на неоправдан страв и непромислена поддршка на стереотипите за бисексуалците.

Трансфобија – Омраза или страв кон трансродни лица. За жал овој вид на дискриминација често опфача различни видови на насилство кон трансродните лица.

Аутохомофобија – Омраза или страв од хомосексуални луѓе, најчесто од страна на припадниците на истата заедница.