+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово има потреба од ангажирање на Кординатор/ка на Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово за кординирање на Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово и активностите соддржани во стратешкиот план и годишната програма – финансиски поддржани од Европската Унија.

Кординатор/ка на Центарот на   ЛГБТИ Заедницата во Тетово

Заинтересираните кандидат/ки треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Минимум  завршено средно образование;

– Познавање на англискиот и македонскиот јазик, познавањето на албанскиот,турскиот,ромскиот или некој од другите локални јазици ќе сме смета како голема предност;

– Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;

– Да ги познава проблемите и предизвиците  на ЛГБТИ+ заедницата.

Обврски на Координаторот/ката

– Секој  работен ден да го Кординира Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово, 

– Да води евиденција на посетителите во Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово,

– Да организира и спроведува активности предвидени во проектот.

– Да асистира на Менаџерот/ката  на Проектот во  организирањето на  различни настани кои се предвидени со проектот а кои треба да се оддржат во Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово;

– Да се грижи за редот и дисциплината во Центарот.

Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 33.540,00  денари бруто износ. 

Работно време од 40 часа неделно.

Работниот ангажман се однесува на периодот   15  јануари – 31 декември 2022 година, со можност за продолжување и во наредните 36 месеци.

Како да се пријавите?

Испратете биографија и  мотивационо писмо на англиски јазик, најкасно до 10 ти Јануари 2022 на info@lgbtunited.org со назнака “Кординатор/ка на Центарот на ЛГБТИ Заедницата во Тетово”

По завршувањето на конкурсот ќе бидат контактирани само тие кандидат/ки што најмногу  одговараат на горенаведените критериуми  и ќе бидат повикани на интервју.

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово  гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.