+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

ЛГБТ Јунајтед Тетово има потреба од ангажирање на  Регионален Координатор/ка   на ЛГБТИ Заедницата за   спроведување на   активностите содржани во стратешкиот план и годишната програма – финансиски поддржани од Европската Унија.

Регионален Координатор/ка на ЛГБТИ Заедницата 

Заинтересираните кандидати/ки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Минимум средно oбразование;
  • Познавање на англискииот и македонскиот јазик, познавањето на албанскиот,турскиот,ромските или некој од локалните јазици ќе се смета за голема предност;
  • Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
  • Да ги познава проблемите на ЛГБТИ заедницата на локално ниво со фокус на Југозападниот, Пелагонискиот и Југоисточниот плански регион.

Обврски на Регионалниот  Координатор/ка на ЛГБТИ Заедницата:

  • Да остварува  редовни средби со ЛГБТИ Заедницата на локално ниво со фокус на Југозападниот, Пелагонискиот и Југоисточниот плански регион.
  • Да организира активности според потребите на проектите во различни градови;
  • Во соработка со Проектиниот Менаџер/ка да асистира на различни настани и активности.

Работниот ангажман се однесува на периодот   15  јануари – 31 декември 2022 година, со можност за продолжување и во наредните 36 месеци.

Работно време од 40 часа неделно. 

Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 33.540,00  денари бруто износ.

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетов о  гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Како да се пријавите?

Испратете биографија и  мотивационо писмо на англиски јазик, најкасно до 10 ти Јануари 2022 на info@lgbtunited.org со назнака “Регионален Координатор/ка   на ЛГБТИ Заедницата”

По завршувањето на конкурсот ќе бидат контактирани само тие кандидат/ки што најмногу  одговараат на горенаведените критериуми  и ќе бидат повикани на интервју.