+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово има потреба од ангажирање на Финансиски и административен менаџер/ка  за финанскиско и административно работење поврзано со активностите содржани во стратешкиот план и годишната програма – финансиски поддржани од Европската Унија.

Финансиски и административен менаџер/ка

Потребни квалификации:

– Универзитетско образование (додипломско) во областа на економијата, сметководството и финансиите;

– Најмалку три години работно искуство во областа на административен и финансиски менаџмент во непрофитниот сектор. Искуство од работа на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност;

– Познавање на англискиот и македонскиот јазик, познавањето на албанскиот,турскиот,ромскиот или некој друг локален јазик ќе се смета за голема предност при селекцијата

– Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;

Опис на работни задачи:

– Изработка на налози за плаќања;

– Редовно следење на реализираните трошоци и на проектните буџети;

– Обезбедување целосна усогласеност на финансиското работење на ЛГБТ Јунајтед Тетово кое се однесува на проектите со правилата и стандардите на ЕУ, внатрешните правила на ЛГБТ Јунајтед Тетово и домашното законодавство во РСМ;

– Вршење на работи кои се однесуваат на работните односи во рамки на проектите;

– Подготвува и доставува документи за книжење до надворешен сметководител, изработува квартални порамнувања и архивирање на проектната документација;

– Да подготвува периодични и завршни финансиски извештаи за проектите;

– Да ги спроведува постапките за набавки за потребите на проектите во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, внатрешните правила на ЛГБТ Јунајтед Тетово и домашното законодавство во РСМ;

– Вршење на други работни задачи кои се однесуваат на административно и финансиско управување на проектите по насока од проектните менаџери;

Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 33.540,00  денари бруто износ. 

Работниот ангажман се однесува на периодот   15  јануари – 31 декември 2022 година, со можност за продолжување и во наредните 36 месеци.

Како да се пријавите?

Испратете биографија и  мотивационо писмо на англиски јазик, најкасно до 10 ти Јануари 2022 на info@lgbtunited.org со назнака “Финансиски и административен менаџер/ка”

По завршувањето на конкурсот ќе бидат контактирани само тие кандидат/ки што најмногу  одговараат на горенаведените критериуми  и ќе бидат повикани на интервју.

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово  гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.