+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово има потреба од ангажирање на Проектен Менаџер/ка, за раководење со активностите содржани во стратешкиот план и годишната програма – финансиски поддржани од Европската Унија.

Проектен менаџер/ка – Што бараме/нудиме?

Заинтересираните кандидат/ки треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Универзитетска диплома за завршено високо образование;

– Најмалку 3 години искуство во работа на  ЕУ проекти;

– Солидно познавање на сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;

– Одлично познавање  на англискиот јазик, познавање на македонскиот јазик, познавањето на албанскиот, турскиот, ромскиот или другите локални јазици ќе се сметаат за голема предност при селекцијата.

– Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;

– Познавање на човековите права и законите за човекови права во државата и во државите на ЕУ, со фокус на правата на ЛГБТИ+ Заедницата;

– Одлични вештини во комуникација со избрани и именувани лица;

– Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот.

Менаџерот/ката  на проектот ќе треба да ги извршува следниве задачи:

– Управување и координирање  на проектните активности на извршната канцеларија на ЛГБТ Јунајтед Тетово

– Мониторирање на квалитетот на резултатите од проектните активности;

– Да подготвува месечни, периодични и годишни извештаи;

– Управување со проектниот план, проектни распореди, работни часови, водење евиденција за трошоци;

– Изготвување на анализи;

– Одржување и мониторинг на работата, евалуација на перформанси, подготовка на акциони планови и нивна имплементација;

– Соработка со различни целни групи: ЛГБТИ млади, етнички заедници, организации и институции од областа на човекови права кај нас и во странство, интернационални организации и тимови;

– Менаџирање  и организација на средби и настани, и активно вклучување во истите;

– Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на ЛГБТ Јунајтед Тетово;

– Редовно контактирање и известување на донаторот;

– Промоција на проектоте и проектните цели;

– Давање препораки за подобрување на состојбите во областа на проектното делување.

Што нудиме?

– Флексибилна работа;

– Едукација и вмрежување во областа на Човекови права;

– Посета на интернационални обуки и семинари;

–Надградувања на знаењатa; 

– Средина за напредок во своите професионални и лични цели;

Работниот ангажман се однесува на периодот   15  јануари – 31 декември 2022 година, со можност за продолжување и во наредните 36 месеци. 

Работно време од 40 часа неделно. 

Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 58.000,00 денари бруто износ.

Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово  гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Како да се пријавите?

Испратете биографија и  мотивационо писмо на англиски јазик, најкасно до 10 ти Јануари 2022 на info@lgbtunited.org со назнака “Project Manager”

По завршувањето на конкурсот ќе бидат контактирани само тие кандидат/ки што најмногу  одговараат на горенаведените критериуми  и ќе бидат повикани на интервју.