+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

           Повик до сите Родители, Пријатели и Поддржувачи на ЛГБТИ заедницата за учество на обука

ЛГБТ Јунајтед Тетово во склоп на проектот „Зајакнување на ЛГБТИ заедницата, родителите, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, организира еднодневна обука за сите Родители, Пријатели и Поддржувачи на ЛГБТИ заедницата кои сакаат активно да се вклучат во борбата против дискриминацијата, говорот на омраза и насилството кон ЛГБТИ заедницата.Обуката ќе се одржи на 27.10.2021 со почеток во 14:00 часот на онлајн платформата Зоом.

Сите заинтересирани може да се пријават на следниот емаил:

info@lgbtunited.org , најдоцна до 22.10. 2021 год.

Потребни информации за пријавување:

Име и презиме:

Возраст:

Град:

Дали сте Родител/ роднина на ЛГБТИ лице, пријател или поддржувач?