+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Во периодот од 14ти до 18ти Јуни во Струга ЛГБТИ Јунајтед спроведе две  обуки на тема „ЛГБТИ правата во Северна Македонија и креативен активизам“ која беше спроведена во рамките на проектот „Зајакнување на ЛГБТИ заедницата, родителите, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

На обуката учествуваа 30 припадници на ЛГБТКИ+ популацијата од различни градови на Северна Македонија. Во која беа поделени во две групи.Во секоја група уцествуваа по 15 лица.

Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат подетално со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во кој за првпат се вклучени како основи за дискриминација сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Ова беше втора и трета обука кои ЛГБТИ Јунајтед  го  реализира во склоп на проектот „Зајакнување на ЛГБТИ заедницата, родителите, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“, со цел поголемо информирање и зајакнување на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија.

Освен ова учесниците имаа прилика да се запознаваат подобро да се дружаат и да споделат лични информации за ова тема која што ги допира сите.Истотака во слободно време имаа прилика да ги посетат град Струга и Охрид и нивните култури и да уживаат во Струшките води..