+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Повик до сите ЛГБТИ лица од градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Битола, Прилеп и Струмица и помалите градови и рурални средини во близина на овие градови за учество на обуки

Здружението ЛГБТИ  Јунајтед,   објавува повик за обуки на тема „ЛГБТИ правата во Северна Македонија и Креативен Активизам“. На овие обуки ќе бидат опфатени следните теми:

  • Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Кога и како овој закон ги заштитува правата на ЛГБТИ лицаата? Како да пријавиме дискриминација и каде да пријавиме?
  • Што е тоа креативен активизам? Што е кампања? Како се спроведуваат кампањи?.

Првата обука  ќе се одржи во Скопје во периодот од 18ти до 20ти Јуни додека втората обука ќе се одржи во Охрид од  16ти до 18ти јули  2021 година  и  истите  се спроведуваат во рамки на проектот „Зајакнување на ЛГБТИ заедницата, родителите, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Сместувањето, патните трошоци, храната и работните материјали се целосно покриени од страна на Здружението ЛГБТИ Јунајтед.

Услов за учество на обуката е учесниците да имаат над 18 години, и да се мотивирани  да придонесат кон промени и поголемо прифаќање на ЛГБТИ Заедницата на локално ниво преку разни активности кои ќе се реализираат во  нивните градови по завршувањето на обуките

За да се пријавите за учество на обуките, потребно е да го потполните формуларот кој се наоѓа на линкот подолу:

https://docs.google.com/forms/d/1xBpk3RIVWLmsG5gWZ_FOHOamOpoIwV-Y7tWqLKw9zW0/edit