+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија #IDAHOBIT

17 Мај 2021

ИДАХОБИТ се обележува секоја година на 17-ти Мај за да се привлече вниманието на властите, медиумите, јавноста, креаторите на јавното мислење и локалните авотритети за ситуацијата со која се соочуваат ЛГБТИ лицата (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и интерсекс) и сите тие кои не се однесуваат во согласност со повеќето сексуални и родови норми.

Овој ден е создаден во 2004 година за да го привлече вниманието на креаторите на политки, креаторите на јавното мислење, социјалните движења, јавноста и медиумите за насилството и дискриминацијата искусена од ЛГБТИ лицата на меѓународно ниво. 

Датумот 17-ти беше избран за да се комеморира одлуката на Светската Здравствена Организација која во 1990 одлучи да ја декласификува хомосексуалноса од листат на ментални болести.

Меѓународниот ден против Хомофобија, Бифобија и Трансфобија e официјално признаен од многу држави, меѓународни институции како што е Европскиот Парламент и од многубројни локални власти.

ЛГБТ Јунајтед Тетово за да го одбележи овој 17-ти Мај го одбра симболично мотото „Обединти во различности и солидарност“ за да ја облежи тешката ситуација со која се соочуваме речиси една година поради пандемијата на Ковид 19. Оваа глобална криза ни покажа дека постојат многу хумани луѓе и дека во ваквите моменти на неизвесност и потреба од помош за најранливите категории на граѓани, хуманоста ја победува омразата, доброто се издигнува над злото, a разликите стануваат невидливи во духот на општочовечката припадност. Сето ова нема да беше возможно без довербата и поддршката на многу хумани лица и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата.