+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Една ноќ како и многу ноќи, кога не можев да заспијам и помислувајќи на исчезнувањето од овој свет, фантазирајќи за љубовта, одлучив да слушнам една преубава изведба на “Ноктурно за виолончело” на Петар Илиќ Чајковски. Таа длабока мелодија која ми го распара срцето ме натера да дојдам до сознанието на писмата на Чајковски. Тие тајни на неговиот тежок живот поврзани за неговата хомосексуалност, во време кога таа беше казнива и страшна во едно високо хомофобично општество во политичките и општествениот живот на Царска Русија.

 

Во САД и Велика Британија е веќе издадена книга под наслов: Тhe Tchaikovsky Papers: Unlocking the Family Archive каде е прифатен послободно, додека во Русија сеуште под големи расправии и дискусии околу оваа тема. Во неколку откритија околу љубовта кон неговиот слуга и писмата упатени кон брат му Модест Илиќ Чајковски се потврдува дека бил геј. 

 

Петар Илиќ Чајковски, (1840) е најпознатиот руски композитор во времето на Царска Русија и романтизмот во Словенските земји. Неговиот тежок живот преточен низ драматичните елементи на длабокиот романтизам како огледало на неговата хомосексуалност. Борејќи се за својата сокриена хомосексуалност тој влегува во брак кој набргу пропаѓа. Помислува на самоубиство, наспроти неговиот хипохондриски карактер за кој се верува дека така разболен од Колера не умира, туку се самоубива. Веќе и предходно добил закани од хомофобична Русија, во тој период. 

 

Едно од најголемите и најзначајните руски, па и светски композитори Петар Илиќ Чајковски дал огромен придонес за развојот на рускиот балет. Украинец по потекло, неговата кариера започнува во Москва со неговите први дела : Увертирата “Ромео и Јулија” и оперите “Војвода” и “Опричник”. Завршува на новоотворениот Петроградски конзерваториум на познатиот пијанист Антон Рубинштајн на кого му го посветува концертот за пијано и оркестар бр.1 во b-moll, оп.23. 

 

Балетскиот опус кој никогаш нема да се заборави е само воведот на неговото богато творештво. Балетите: “Лебедово езеро” , “Заспаната убавица” и “Оревокршачка” воедно се и први големи руски балети.

 

Напишал шест симфонии, последната шеста ја нарекува “Патетична”.

 

Што е најзначајното дека Чајковски умира девет дена после одржаната премиера на оваа синфонија во Санкт Петерсбург во Октомври 1893 година. Претпоставките околу неговиот таен хомосексуален живот содржани во оваа грандиозна синфонија сеуште до денес ја сочинуваат таа естетска мистика. Покрај љубовните фрази и детските моменти, крајот е изненадувачки и ја оправдува таа патетичност поврзани со депресијата и чувството на исчезнување во тој тежок период во кој живеел. 

 

Автор: The Dark Night      

„Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и Европска Унија.“

„ Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

„Проектот е финансиран од Европската Унија“