+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Ние сме само куп несреќни деца, со различни и ризични погледи кон животот, барем така не доживуваат. 

Ние сме само куп несреќни деца кои среќа наоѓаат скриени во четири ѕида, некој да не не види, да не не осуди, а сами најдобро знаеме да си пресудиме.

Ние сме само куп несреќни деца осудени прво од самите себе, со самите себе. Врз самите себе си ги задаваме најболните удари врз крвавите рани кои успеваме да ги скриеме, сѐ додека земја не нѐ покрие… 

Ние сме само куп несреќни деца кои не знаеја поинаку да постојат освен онака како што длабоко во себе чувствуваме несовпаѓање, па редиме домино коцки и градиме кула од карти во која живеат принцезите од приказните што ни ги раскажувавте како деца… И ги рушиме кога хормоните ќе не надвладеат во потрагата по своето делче што недостасува… 

Ние сме куп несреќни деца кои во вашите очи се болни, додека болно и задавате удар на утробата која ве напоила и надоила за да во неа го посеете своето семе… Мастурбирате на малолетнички со големи чичковци и наставнички со ученици. Некој глуми за да ви ги исполни вашите фантазии, некој чувствува допири за да ја навлажни вашата долна облека…И сосема сум океј со тоа. 

Ние сме куп несреќни деца во општеството каде сосема е океј да молчиш за семејно насилство, за силувани соученици, за психички злоставувани деца кои носат најголеми насмевки…  Но, на нас се покажува со прст и сме црна чума што се зададе… Додека некои од вас се наставнички, некои чичковци, а некои ние сме само куп несреќни деца кои ги израснавте и…кои љубат поразлично од вас..

Автор: Деметра

„Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и Европска Унија.“

„ Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

„Проектот е финансиран од Европската Унија“