+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

За прв пат на 13 години, имав некакви  чувства во себе кон дете од истиот пол…  Се прашував дали е тоа нормално, бев тотално збунет бидејќи не познавав некој близок со исти чувства.  Сакав да се консултирам со некој кој што може да ми помогне и разбере, а воедно и да ми даде повеќе информации. Најпрвин се обратив кон училишниот психологот и разговаравме за моите  чуства спрема личноста од истиот пол. Настана тотална тишина и отфрлање на моите прашања и потреби во моментот, кажуваше дека тоа е привремено и предизвикано од самиот пубертет и дека ќе помине со текот на времето. Бидејќи не ги добив одговорите на моите илјадници прашања кои што ми се вртеа во главата, кога се вратив дома, ја погледнав мајка ми во очи и неможев  повеќе. Па и кажав за моите чуства за детето што ми се допаѓаше од истиот пол. Не беше реакцијата онаква каква што се надевав. Мајка ми беше збунета и ме споредуваше со личноста кој/ја е транс-џендер и кој/а беше малтретиран/а од останатите во градот, дека не е нормално нешто со мене и дека треба да не мислам повеќе на тоа и да заборавам, но не можев бидејќи неколку машки деца се зафркаваа со мене бидеќи сум се однесувал како девојче и дека треба да станам малку повеќе како нив „ машко‘‘ а не “педер” со такво женствено однесување. Пoмина некое време  каде што се осетив дека треба да најдам работи кој ќе ми помогнат за да го надминам целиот стрес и да продолжам да барам помош од останатите пријатели/ки. Не ми беше лесно бидејќи сум ром па и геј дискриминација на високо ниво, но на интернет имаше настан за НЕДЕЛА НА ЕВРОПА каде што имаше ден за дискусија на тема Човекови Права каде што бев на настанот и каде што за првпат дознав повеќе за правата на човекот во општеството. А воедно се зачленив и на англиски јазик, каде што за прв пат запознав луѓе кои што се поразлични од нашата култура и општество. Со текот на времето, колку бев повеќе активен  така станав и повеќе отворен спрема другите. Се почувствував послободен да разговарам за моите проблеми. Се зближив со една личност која ми ги даде одговорите на моите прашања и потреби и каде што работевме на мојот личен и психолошки развој. Заедно со личноста организиравме активности каде што дискутиравме на различни теми. И со самото организирање на активностите со текот на времето стекав поголема самодоверба и пријатели/ки кој знаеја дека сум ром и геј и немаа никакви предрасуди кон мене и за тоа кој сум и што сум, за нив бев еднаков како секој еден/а. Во моментот сум средношколец во последна година и во период каде што не се преокупирам со коментарите на другите, но сепак мислам дека секој човек треба да размисли два пати пред  да каже нешто за другиот/ата. И по сево ова што сум го доживеал, не се срамам да кажам дека сум ром и геј. Ќе продолжам да се борам за правата на луѓето во општеството и не се плашам да ги срушам стереотипите.

Сепак сите сме луѓе!!

„Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и Европска Унија.“

„ Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

„Проектот е финансиран од Европската Унија“