+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

„Бунтот на Стоунвол“ во Њујорк, на 28 Јуни 1969 се смета за почеток на движењата за правата на ЛГБТ –заедниците низ светот. Политичкиот бунт во Стоунвол ги покренал ЛГБТ-луѓето на многу подлабоко и потешко патување.

Немирите во Стоунвол, исто така, наречени и како“Стоунволско востание”,беа серија на насилни конфронтации, кои започнале  во раните утрински часови на 28 јуни 1969 година, меѓу полицијата и ЛГБТ заедницата, надвор пред „Стоунвoл“, геј бар во Гринвич Вилиџ во Њујорк. Така што,како што напредуваа и ескалираа немирите,  спонтано се роди меѓународно движење за ЛГБТ права.

 

Немири

60-тите години и претходните декади од  XX тиот век, не беа добри времиња за лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродовите лица во Америка. Во Њујорк, со закон беа забранети истополовите врски. 

Геј баровите биле места каде лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродовите лица  можеа да се социjализираат во релативно сигурна средина. Повеќето од овие барови биле постојано предмет на полициска бруталност.

Едно такво добро познато место за дружење на ЛГБТ заедницата беше „Стонвол Ин“, мрачен , преполн бар, кој наводно работел без лиценца за служење на алкохол. 

Во раните утрински часови во сабота, на  28 јуни 1969г., девет полицајци влегле во „Стонвал Ин“, и ги уапсиле вработените за продавање алкохол без лиценца, се однесувале грубо со неколку од газдите, го расчистиле барот и во согласност со криминалниот статут на Њујорк кој во тоа време го одобрувал апсењето на секој еден кој нема на себе барем три парчиња облека соодветна на полот, и согласно тој статут неколку лица биле приведени. Тоа бил трет по ред претрес во Гринвич Вилиџ, во геј баровите за релативно краток период.

Но за разлика од претходно, овој пат луѓето кои стоеле  надвор од барот не се повлекувале како што правеле скоро секогаш претходно. Нивниот бес било очигледен и поизразен додека гледале како полицијата ги носи  сопствениците на барот во полициските комбиња. Тие почнале да покажуваат непослушност кон полицијата и почнале да фрлаат шишиња и се што ќе им се најдело при рака. Околу барот се собрале околу 400 лица кои демонстрирале револт, и поради тоа полицијата била принудена да повика засилување, за да на крај немајќи друг излез тие морaле да се засолнат во барот. Полициската барикада била набрзо пробиена, а барот бил запален. За среќа полициските засилувања и противпожарните екипи пристигнале на време за да го изгаснат пожарот, но протестите, кои на моменти вклучувале и илјадници луѓе, продолжиле и во наредните пет дена.

Многу историчари ова востание го окарактеризираа како спонтан протест против трајното вознемирување на полицијата и социјалната дискриминација која ја трпеле различните сексуални малцинства во 1960-тите. Иако имало и други протести од ЛГБТ групите, инцидентот „Стоунвол“ бил можеби кога за прв пат лезбејките, геј, бисексуалците и  трансродовите луѓе ја воочиле и увиделе вредноста во обединувањето зад заедничката кауза. 

Наследството од Стоунвол

Иако востанието во Стоунвол не го започна движењето за ЛГБТ+ правата, тоа беше движечка сила за ЛГБТ+ политичкиот активизам, што доведе до основање на бројни организации за ЛГБТ+ права, вклучувајќи ги и Gay Liberation Front (Геј ослободувачки фронт)Human Rights Campaign (Кампања за човекови права), GLAAD (Алијанса на геј и лезбејки против клевета)и PFLAG (Родителите, Семејствата и Пријателите на лезбејки и геј).

Во 2016 година, Премиерот на САД Барак Обама го назначи местото на немирите Стонвол Ин, Кристофер Парк и околните улици и тротоари, за национален споменик во знак на признание за придонесот на оваа област за правата на ЛГБТ заедницата.

„Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.“

„ Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

„Проектот е финансиран од Европската Унија“