+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Кажувајќи им на луѓето за вашата сексуална ориентација или родов идентитет се нарекува аутирање.  Аутирањето не е нужно еднократен настан – луѓето од лезбејка, геј, би и транс (ЛГБТ) можеби ќе треба да излезат многу пати во текот на животот. Исто така аутирањето е многу индивидуално и луѓето може да се соочат со различни предизвици кога ќе решат да го сторат тоа.

Нема никаков пишан или прецизен начин за тоа како да се аутирате. Можеби  се чувствувате удобно да бидете отворени за вашата сексуална ориентација и родов идентитет со некои луѓе, но не со други. Аутирањето може да биде тешко и  за тоа е потребна многу голема храброст. Реакциите за некој што ќе аутира може да варираат од многу позитивни до апсолутно на добредојдени. Откако ќе донесете одлука да им кажете на луѓето, најбитно што треба да размислите е тоа, како,на кој начин ќе им кажете, кој е најсоодветен момент иако реално не постои добар момент за  тоа.

Зошто да се аутираме?

Без разлика дали сте се согласиле со вашата сексуална ориентација или родовиот идентитет, или сè уште размислувате за  тоа, може да биде тешко да се справите со тоа самостојно. Можеби ќе дојдете до точка каде што треба да разговарате за тоа со некого, да добиете поддршка или едноставно да ја симнете таа тежина  од градите. Константно да се крие кој си од други луѓе честопати значи дека лажеш и се преправаш посебно кога тоа е веќе очигледно сите го знаат само што не го слушнале од вас. Затоа треба да размислите дали криењето е повеќе  или помалку стресно отколку да сте отворени за тоа.