+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Хомосексуалноста покрај тоа што можеби е најголема стигма исто така може да се каже дека е и најголема енигма во однос на тоа што сеуште нема јасни и конкретни факти за тоа зошто точно се појавува и који се конкретните причини за појавувањето на истата.

И покрај големиот напредок во медицината и во науката општо во светот сепак сеуште никој не успеал да докаже конкретно дали појавата на  хомосексуалноста има било какви допирни точки со хормони или било каков друг вид на некој дисбаланс во организмот затоа што како што еволуираше човештвото така се појавија и многу други фактори за појавувањето на хомосексуалноста како што се психолошки, социјални, наследни итн.

Меќутоа исто така тука мора да се спомне дека сепак хомосексуалноста не е девијација и дека истата постои од создавањето на човештвото затоа што за нејзината појава има факти и докази уште од античките времиња а прв доказ за постоењето на хомосексуалноста датира уште од древен Египет од 2400 година пред нашата ера така што со тоа се добива јасен заклучок  дека тоа е сосема нормална и природна работа која што настанала со настанокот на фауната затоа што хомосексуалноста не е карактеристична само за човекот туку кон хомосексуалност се склони повеќе од над  1500 животински видови.

Во продолжение, еве неколку помалку познати научни и историски факти за хомосексуалноста:

  1. Проценките на научниците ширум светот се дека 5% од целокупната популација во светот има хомосексуална определба
  2. Во светската историја, преку пишани докази е заведено дека во некои култури хомосексуалното однесување посебно кај мажите не се перцепирало како слабост или нешто недостаток од кој мажите би требало да се доживуваат како нежни и недоволно мажи туку на против тоа било и се земало како доказ за мажественоста на мажот. Вакви примери посебно се истакнуваат во Келтската и Античката Грчка култура.
  3. Постојат некои докази дека зголеменото ниво на стероиди во матката ги зголемува шансите девојчето да биде лезбејка
  4. Хомосексуалноста е регистрирана во Кина уште од раните почетоци на Кинеската цивилизација и честопати хомосексуалците се нарекувани „пресечен ракав“ и „задоволства на каснатата праска“.
  5. Истополовите бракови се легални во: Белгија, Шпанија, Канада, Јужна Африка, Норвешка, Холандија, Шведска, Португалија, Исланд и Аргентина. Во Мексико, истополовиот брак е легален, но се извршува само во Мексико Сити.
  6. Гилберт Бејкер, познат и како „Геј Бетси Рос“, го дизајнираше знамето на виножитото, или знамето на гордоста, во Сан Франциско во 1978 година. Знамето е најистакнатиот симбол на лезбејската и геј гордост. Боите, црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, индиго и виолетовата боја претставуваат сексуалност, живот, лекување, Сонце, природа, уметност, хармонија и дух.
  7. Во 1930 година, холивудските студија го усвоија Кодексот за производство на филмови, забранувајќи ги сите упатувања и демонстрирања на хомосексуалноста или „сексуалната перверзија“ во филмовите. Тој кодекс беше зајакнат во 1934 година под притисок на католичката Легија за пристојност. Кодексот останал на сила се до 1960-тите, после е отфрлен.
  8. Првото американско лезбејско списание беше насловено „Обратно“ (“Vice Versa) и беше напишано и потпишано под псевдонимот Лиза Бен (анаграм за „лезбејка“)Lisa Ben (an anagram for “lesbian”)
  9. Во 1952 година, Конгресот на САД донесе закон со кој се забранува сите кои што се лезбејки и хомосексуалци надворо од САД да несмаеат  да влезат во земјата. Законот беше во сите правни документи сè додека не беше укинат во 1990 година.
  10. Спомен-книжарницата „Оскар Вајлд“ е основана во 1967 година во New York и e првата геј-книжарница во светот.
  11. Во 1982 заболувањето кое што беше наречено Gay Related Immune Disorder (GRID) беше преименувано во Синдром на стекнат имунолошки дефицит (СИДА).
  12. Античките Грци немале изрази што укажуваат на дихотомија помеѓу „хетеросексуалец“ и „хомосексуалец“. Наместо тоа, разликата во сексуалните односи на антички грчки било во тоа кој ќе заземе пасивна или активна улога. Најчестата форма на sex од ист пол беше помеѓу постар маж или ерастиит, кои делувал како ментор и љубовник и модел за помладо момче или еромонос. Се верувало дека спермата е извор на знаење и дека нејзиното излрвање ќе ја пренесе мудроста од постарите мудреците до помладите. ( Ератитите до еромоносите)
  13. Зборот Лезбејка потекнува од грчкиот остров Лезбос, домот на поетесата Сафо која што пишувала поезија во која што ја опевала љубовта кон жената како и нејзините убавини.
  14. Некои научници према нивните истражувања и сознанија истакнуваат дека првиот хомосексуален пар е забележан и датира уште од древен Египет од 2400 год п.н.е а тоа биле слугите Кнумхотип и Нијанххнум.
  15. Целиот вид на џуџе шимпанзата е бисексуалец. Лавовите исто така покажале хомосексуално однесување. Хомосексуално однесување е забележано кај 1.500 животински видови и е најраспространето кај животните кои што живеат т.н. сложен живот на стада.
  16. Додека лезбејката се однесува само на женската хомосексуалност, терминот „геј“ може да се однесува на сите припадници на ЛГБТК заедницата. Некои тврдат дека терминот „хомосексуалец“ треба да се избегнува затоа што зборот се однесува само на сексуално однесување, а не на комплексни, човечки, романтични, чувства
  17. Во 2005 година, шведските истражувачи откриле дека кога стрејт мажи мирисале женско соединение на урина, нивниот хипоталамус светнал т.е се активирал изреагирал, во слики наскен на мозок. Кај геј мажите тоа не се случувало. Наместо тоа, хипоталамусот на хомосексуалците светнувал или реагирал  кога мирисале  машкото соединение на пот, при што утврдиле дека реакцијата е идентитчна како кај стрејт жените.
  18. Ва поголемиот дел од дваесеттиот век, многу истражувачи ја поврзале хомосексуалноста со воспитувањето. На пример, Фројд тврди дека прекумерно заштитнички настроените мајки и далечните татковци имаат голем придонес за појавувањето на машката хомосексуалност
  19. Планетата Меркур е симбол што го користи трансродната заедница. Знакот за Меркур е полумесечен облик и крст, кој ги претставува машките и женските принципи во склад со една личност. Освен тоа, богот Меркур го родил Хрмафродит, кој имал и машки и женски полови органи.
  20. Јудаизмот, Христијанството и Исламот не ја осудуваат хомосексуалноста. Во трите книги, Бог осудува за хомосексуалната практика, но не и за самата хомосексуалност.

 

 

 

 

„Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.“

„ Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

„Проектот е финансиран од Европската Унија“