+389 78 385 571 info@lgbtunited.org

Кои сме ние ?

  • ЛГБТ Јунајтед Тетово е невладина, непрофитабилна и мултиетничка организација, која вклучува членови од различни етнички групи и религии.
  • Целта на ЛГБТ Јунајтед Тетово е заштита, промоција и почитување на човековите права, првенствено на ЛГБТИ лицата, обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита и обезбедување на други витални социјални и правни услуги, со што се гарантира рамноправност и вклучување на ЛГБТИ лицата во сите свери на животот преку создавање на поддржувачка и толерантна атмосфера која вклучува разновидност и слобода.

Во овој контекст целите на ЛГБТ Јунајтед Тетово се:

  • Зајакнување на ЛГБТИ заедницата;
  • Имплементацијата и потполното уживање на правата на ЛГБТИ лицата и борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет;
  • Подигнување на свеста за правата на ЛГБТИ лицата како човекови права;
  • Застапување и лобирање за ЛГБТИ лицата со цел промена на постоечките закони (законодавство);
  • Подобрување на сексуалното здравје преку превентива од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести помеѓу ЛГБТИ популацијата.

 

Мисија

  • Нашата мисија е да ги заштитиме, јавно да ги поддржиме и промовираме човековите правата на ЛГБТИ популацијата во Македонија, преку обезбедување на еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процеси во општеството, како и успешно зачувување на средина каде еднаквоста, слободата, етиката, интегритетот и разновидноста се во пораст.

Визија

  • ЛГБТ Јунајтед Тетово е независна и непрофитна организација на ЛГБТИ луѓето во Македонија, на нивните фамилии, пријатели и поддржувачи кои активно придонесуваат кон целосно вклучување на ЛГБТИ популацијата во општеството.
Слобода

Ние ја цениме слободата како главна цел за идеите и постапките на секој човек. Го замислуваме општеството како група на слободни поединци, еднакви и одговорни кои имаат достоинство и нивни права. Ние ја гледаме слободата како врвен стремеж за сите.

Различност и еднаквост

Ние цврсто веруваме дека различноста е позитивен фактор од суштинско значење за средината во која ние работиме. Ние го цениме придонесот на секој поединец, без оглед на раса, пол, социјално потекло, националност, религија, етницитет и образование, како и сексуална ориентација и родов идентитет.

Транспарентност

Ние сме отворени и транспарентни во нашите постапки и политики. Ние се градиме врз придобивката да се биде транспарентна организација отворена за соработка, истотака се обидуваме да комуницираме одговорно, со сите засегнати страни.

Лидерство

Ние ја гледаме нашата улога како водач и инспиративна мисија во доведување еднаквост за сите, особено за ЛГБТИ лицата. Нашето членство и лидерство се ценети и почитувани.

Верба

Ние сме доверлив избор на ЛГБТИ лицата и доверлив партнер и советник во јавна поддршка, промовирање и заштита на нивните права. Ние негуваме клима на толеранција, интегритет, посветеност и професионализам.