Кој сме ние ?

ЛГБТ Јунајтед Тетово е невладина, непрофитабилна и мултиетничка организација, која вклучува членови од различни етнички групи и религи.

Целта на ЛГБТ Јунајтед Тетово е заштита, промоција и почитување на човековите права, првенствено на ЛГБТ лицата, обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита и обезбедување на други витални социјални и правни услуги, со што се гарантира рамноправност и вклучување на ЛГБТ лицата во сите свери на животот преку создавање на поддржувачка и толерантна атмосфера која вклучува разновидност и слобода.


Наши цели:

Зајакнување на ЛГБТ заедницата
Имплементацијата и потполното уживање на правата на ЛГБТ лицата и борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет
Подигнување на свеста за правата на ЛГБТ лицата како човекови права
Застапување и лобирање за ЛГБТ лицата
Подобрување на сексуалното здравје преку превентива од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести помеѓу ЛГБТ популацијата

Мисија

Нашата мисија е да ги заштитиме, јавно да ги поддржиме и промовираме човековите правата на ЛГБТ популацијата во Македонија, преку обезбедување на еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процеси во општеството, како и успешно зачувување на со сите засегнати страни во средина каде еднаквоста, слободата, етиката, интегритетот и разновидноста се во пораст.

Визија

ЛГБТ Јунајтед Тетово е независна и непрофитна организација на ЛГБТ луѓето во Македонија, на нивните фамилии, пријатели и поддржувачи кои активно придонесуваат кон целосно вклучување на ЛГБТ популацијата во општеството.


Вредности

Ние ја цениме слободата како главна цел за идеите и постапките на секој човек. Го замислуваме општеството како група на слободни поединци, еднакви и одговорни кои имаат достоинство и нивни права. Ние ја гледаме слободата како врвен стремеж за сите.

Ние цврсто веруваме дека различноста е позитивен фактор од суштинско значење за средината во која ние работиме. Ние го цениме придонесот на секој поединец, без оглед на раса, пол, социјално потекло, националност, религија, етницитет и образование, како и сексуална ориентација и родов идентитет.

Ние сме отворени и транспарентни во нашите постапки и политики. Ние се градиме врз придобивката да се биде за транспарентна организација отворена за соработка, истотака се обидуваме да комуницираме одговорно, со сите засегнати страни.

Ние ја гледаме нашата улога како водач и инспиративна мисија во доведување еднаквост за сите, особено за ЛГБТ лицата.Нашето членство и лидерство се ценети и почитувани.

Ние сме доверлив избор на ЛГБТ лицата и доверлив партнер и советник во јавна поддршка, промовирање и заштита на нивните права. Ние негуваме клима на толеранција, интегритет, посветеност и професионализам.

Нашата стара Вебстрана