Корисни термини поврзани со ЛГБТИК

    • Автохомофобија – Омраза или страв од хомосексуални луѓе, најчесто од страна на припадници на истата заедница.
    • Бифобија – Аверзија кон особи кои се бисексуални. Многу честа појава во групи и индивидуи од најразлични сексуални определби и без разлика на родова припадност. Ова е честа причина за дискриминација врз Би особите поради појавување на неоправдан страв и непромислена поддршка на стереотипи за бисексуалноста.
    • Бисексуалност – Бисексуалци, Бисексуалки, или скратено Би, се особи кои емотивно и сексуално се привлечени од двата пола.
    • Излегување од плакарот – Процесот на откривање на сопствената сексуалност кон своите блиски и/или јавноста. Ова често е долг процес кој кај некои луѓе трае цел живот, а кај некои и се повторува во различните средини во кои тие учествуваат, во семејството, на работа итн. За жал само од ЛГБТИК луѓе се очекува да го направат отварањето на својата сексуалност кон другите.
    • Геј (Хомосексуалност) – Личност која е привлечена од особи од сопствениот пол. Иако најчесто се користи за особи од машки пол кои се привлечени и стапуваат во интимни односи со други мажи, и двата израза геј и хомосексуалност се однесуваат како ознака за геј жени.
    • Gender identity – Marks the felt gender identity as male, female, something in between or something outside these divisions of gender identities.
    • Gender role – Socially imposed gender identity. Most often defined as either male or female.
    • Хомофобија – Омраза или страв спрема хомосексуалци, најчесто од страна на хетеросексуални луѓе.
    • Интерсекс – Луѓе родени со различни степени и варијанти на присуство на биолошки индикации за припадност во двата пола, и машки и женски.
    • Лезбејка (Хомосексуалност) – Личности од женски пол кои се привлечени од особи од сопствениот пол. Многу е важна поделбата на Хомосексуалци и Лезбејки бидејќи, за жал, жените во ова општество сеуште се присилени да водат битки посебно во борбата за родова еднаквост со мажите кои сеуште уживаат повеќе привилегии од жените.
    • ЛГБТ – Ова е скратеница која начесто се користи за истанкување на сексуалниот идентитет и различноста на родовиот идентитет за лични и политички цели од страна на лица кои се Лезбејки, Геј, Бисексуални и Трансродови лица.
    • Квир – Квир не е сексуален ниту родов идентитет, напротив тоа е логика за истакнување на постојаниот процес на пресоздавање на нови сваќања за различните дадени идентитети од надвор и од внатре од личноста. Квир многу често се користи во политички цели за зголемување на видливоста на ЛГБТИ особите, но и внатре во движењето, да покаже дека работата врз сечиј идентитет не е конечна туку повеќеслојна и флуидна со текот на времето.
    • Родов Идентитет – Означува внатрешно чувство за родов идентитет како маж, како жена, како нешто надвор од подвоеноста на родови, или како нешто измеѓу.
    • Стрејт (Хетеросексуалност) – Луѓе кои се привлечени од луѓе од спротивниот пол.
    • Трансродово лице – Поопшт темин за луѓе чијшто родов идентитет се разликува од оној билошкиот, означен после раѓање.
    • Трансфобија – Омраза или страв од трансродни лица. За жал овој вид на дискриминација често вклучува и разни форми на насилство кон трансродните лица. Овој вид на дискриминација не е ограничена на хетеросексуалци и се појавува без разлика на родов и/или сексуален идентитет.
    • Трансексуалност – Луѓе со родов идентитет различен од оној кој им е наметнат од општеството според нивните оценки за биолошки пол. Транс (скратено) можат да бидат MTF (male-to-female) и FTM (female-to-male). Нивната сексуалност не е директно поврзана со родовиот идентитет,и варира низ целиот спектрум на сексуални идентитети.