Comments are off for this post

Извештај за напредок од Европската Комисија: (ЛГБТИ) предрасудите и стереотипите се присутни во оштеството, медиумите и на интернет

На 9.11.2016 е објавен Годишниот извештај за напредокот на Република Македонија во европските интеграциски процеси, подготвен од Европската комисија (ЕК).Во делот за „Човекови права и малцинства“ во Извештајот, се забележува:
Кога се во прашање лезбејките, геј, бисексуалците, трансродовите и интерсекс луѓе (ЛГБТИ), предрасудите и стереотипите се присутни во оштеството, медиумите и на интернет. Се уште се потребни значителни напори за спротиставување на нетолеранцијата кон ЛГБТИ луѓето. Нападите на ЛГБТИ центарот за поддршка од 2012 година се уште не се истражени. Во декември 2015 поништена беше жалбата за осуда и 7 месечна казна затвор за сторителот на насилен напад врз двајца ЛГБТИ активисти. Не е достапен соодветен третман за промена на полот. На трансродовите луѓе им се достапни само ограничени услуги од здравствениот систем. Државните власти треба значително да ги зголемат напорите за подигнување на свеста и почитта за различности во општеството. Позитивната соработка помеѓу граѓанското општество и полицијата во една општина, прославата на денот на човековите права и ЛГБТИ луѓето поставуваат добар пример. Обуката на законодавни тела, обвинители, судии, здравствени и просветни работници е се уште со голема важност.
Легислативата за недискриминација е нецелосна, особено што недостасува забрана за дискриминација по основ на сексуална ориентација. Државна стратегија за еднаквост и недискриминација 2016-2020 е прифатена во јуни. Новите членови на Комисијата за заштита од дискриминација беа назначени во нетранспарентен изборен процес. Некои од нив дадоа јавни изјави кои ја доведуваат во прашање соодветноста на нивната задача и нивната способност да делуваат на објективен и професионален начин. Постои сериозна загриженост за непристрасноста и независноста на Комисијата. Се уште има орграничени финансиски и човечки ресурси. Бројот на жалби поднесени до Комисијата е значително опаднат и бројот на разрешени случаи кои потврдуваат дискриминација во 2015 е незначителен (3 од 66).
ЛИНК