Comments are off for this post

Соопштение за медиуми – 23ти ноември 2016

Почитувани претставнички и претставници на албанските политички партии во Македонија,
Почитувани кандидатки и кандидати за пратеници од редовите на албанските политички партии во Македонија,
Вчера за време на дебатната емисија на Телeвизија 21 едно од прашањата упатено до кандидатите за пратеници беше поврзано со маргинализираните заедници во кои и отворено се спомнаа и правата на ЛГБТ заедницата.
Еден од кандидатите за пратеник отворено употреби навредливи и дискриминирачки зборови кон ЛГБТ заедницата, нарекувајќи ја ЛГБТ заедницата ДЕВИЈАЦИЈА на Општеството.
Сакаме да го потсетиме албанскиот политички фактор во Македонија дека албанската ЛГБТ заедница во Македонија постои, постоела и ќе постои. Станува збор за голема заедница која се организира последниве години; припадничките и припадниците од заедницата се насекаде и вршат различни професии и меѓу другото и политички функции, а некои од нив се и активни членови на вашите политички партии.
Албанските политички партии во Македонија не само што во нивните политички агенди многу малку ги третираат човековите права но и го игнорираат целосно постоењето на една заедница која брои илјадници членови.
Сакаме да испратиме порака кај албанскиот политички фактор во Македонија да не го игнорира фактот за постоењето на албанската ЛГБТ заедница во Македонија и да не го игнорира фактот дека и ЛГБТ заедницата е фактор и потенцијален гласач.
Сакаме да потсетиме дека последниве години не само во Тетово но и во Гостивар и Струга се одржани јавни ЛГБТ активности и иако поканети на сите активности истите секој пат ги игнорираа нашите активности.
ЛГБТ заедницата е дел од албанската традиција затоа што ние отсекогаш сме постоеле но последниве години сме погласни и по организирани и отворено се бориме и ги бараме нашите права.
Бараме од албанскиот политички фактор во Македонија еднаш засекогаш да не употребува говор на омраза кон ЛГБТ заедницата и да не ја користи ЛГБТ заедницата за нивните политички пазарења.
Бараме кандидатите за пратеници да се воздржат од говорот на омраза кон ЛГБТ заедницата и да не шират хомофобични, бифобични и трансфобични коментари.
Тетово, 22 ноември 2016
Организација ЛГБТ Јунајтед Тетово