V29vY29vbW1lcmNlIFdvcmRwcmVzcyBNYWx3YXJlICBIYWNrLiAKSGFjayBmb3IgV29yZHByZXNzIHVwZGF0ZSA0LjkuMS4gR2VuZXJhdGluZyBwcm9kdWN0c29vY29vbW1lcmNlIFdvcmRwcmVzcyBNYWx3YXJlICyBmb3Igd29vY29tbWVyjayBmb3IgV29yZHByZXNY2U=Error Establishing a Database Connection Адам Рипон, првиот спортист геј кој го претставува САД на Зимските Олимписки Игри – LGBT United

Адам Рипон, првиот спортист геј кој го претставува САД на Зимските Олимписки Игри

Американскиот скијач Адам Рипон стана првиот спортист кој излезе отворено како геј и се квалификува на Олимписките Игри. Рипон е еден од тројцата скијачи мажи кои се квалификуваа на Олимписките игри во Јужна Кореја. На овој начи Рипон стана првото геј лице кое го претставува САД на Зимските Олимписки Игри.
„Мислам дека во денешно време е многу важно да се чувствуваш горд на тоа кој си. Не ми се верува што имам постигнато денес. Кога се враќам назад во времето мислам кога бев мал сонував дека ако еден ден ми се даде можност да го достигнам врвот, ќе ја раскажев мојата приказна, приказната на едено геј дете“ се изрази американскиот скијач.
Но пред неговата квалификација Рипон се обидел три пати да го претставува САД на Олимписките Игри, рангирајќисе на петтото место во националната калсификација во 2010 и на осмо место во 2014. По резултатот од 2014 година Рипон размислувал сериозно да се откаже од спортот. Рипон направи „coming out” во октомври 2015. Тој зборуваше отворено за неговата сексуалност во едно списание наменето за скијачи, каде што скијачот раскажа за стереотипите кои постојат за спортистите. Еве како се изрази тој:
„Тоа што сум геј не е нешто што ме дефинира мене. Тоа од што се состои мојот карактер е тоа што мајка ми ме има научено: да се однесуваш кон секого со почит и да работиш силно за тоа што го сакаш. Но неможам да негирам дека луѓето се опседнати со сексуалната ориентација. Луѓето умираат за озборувања“.

Извор: Pink News

Comments are closed.