Comments are off for this post

Рики Мартин признава дека беше преплашен да го праша својот сакан да се омажи за него

Рики Мартин официално се венча со неговиот партнер Jwan Yosef минатата недела и вели дека тоа било многу емоционално во вистинска смисла на зборот. Свадбената церемонија била oдржaна целосно во тајност и далеку од публиката, само разоткривајќи ја кога еден новинар го праша на Рики Мартин на црвениот тепих за убиството на Gianni Versace. Церемонијата била тајна и Мартин вели дека бил навистина исплашен правејќи таков чекор. Но и предлогот за брак било нешто вознемирувачко. „Седнав на колена, ја извадив малата метална кутија – ја имав во една кадифена кесичка – но, наместо да речам, ‘Дали ќе се омажиш за мене?’ Јас реков ‘Имам нешто за тебе!’ Потоа тој рече, ‘Да?’ Јас реков, ‘Сакам да го поминам животот со тебе,’ и тој рече ‘Кое е прашањето?’ ‘Сакаш да се омажиш со мене?’ Ове е се ,“ кажа поцрвенувајќи, раскажувајќии за настанот на Ellen DeGeneres. Но поентата е дека одговорот беше ‘да’, и сега тие се едно семејство. Тие ќе го прослават ова после неколку месеци со голема забава каде ќе бидат опфатени и медиумите.

Извор: gaynewseurope.com