V29vY29vbW1lcmNlIFdvcmRwcmVzcyBNYWx3YXJlICBIYWNrLiAKSGFjayBmb3IgV29yZHByZXNzIHVwZGF0ZSA0LjkuMS4gR2VuZXJhdGluZyBwcm9kdWN0c29vY29vbW1lcmNlIFdvcmRwcmVzcyBNYWx3YXJlICyBmb3Igd29vY29tbWVyjayBmb3IgV29yZHByZXNY2U=Error Establishing a Database Connection ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ТЕТОВО Е ЕДЕН ОД ДОБИТНИЦИТЕ НА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКАТА НАГРАДА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СВЕТОТ – LGBT United

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ТЕТОВО Е ЕДЕН ОД ДОБИТНИЦИТЕ НА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКАТА НАГРАДА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СВЕТОТ

Беким Асани, претседател на здружението „ЛГБТ Јунајтед Тетово“ е добитник на француско-германската награда за човекови права. Доделувањето на оваа награда се одржа на 13 декември 2017 година во француската резиденција.
Наградата на Беким Асани, во присуство на неговата мајка, му ја врачија амбасадорите на Франција и на Германија во Македонија, Кристијан Тимоние и Томас Герберих и премиерот Зоран Заев.
Францускиот амбасадор Тимоние рече дека Асани се истакнува со своето дејствување во борбата против дискриминацијата.
„Тој уште во 2001 година работи на заштита на најобесправените групи. Се залага за почитување на правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансродните лица во Македонија. Активен поддржувач и обединувач, тој е гласот и лицето на луѓето што се дискриминирани поради нивните различности“, рече францускиот амбасадор Тимоние, на врачувањето на наградата.
Тој искажа посебна почит кон мајката на Беким Асани за целокупната храброст и сила која ја поседува, а упати благодарност и до премиерот Заев како прва политичка личност која искажа поддршка кон фундаменталните права вклучувајќи, ги и правата на ЛГБТ Заедницата.
Премиерот Заев истакна дека определбите на Владата се да стои зад секој граѓанин, да ги штити и да создава услови за безрезервна заштита на неговите права.
„Денеска наградата оди кај Беким Асани, утре ќе оди кај друг активист, борец за човекови права. Важно е името на човекот затоа што е пример што мотивира врвна вредност како што е определбата за почитување на човековите права, но уште поважна е свеста за важноста на оваа доблесна, совесна и морална човекова карактеристика која не прозива сите како политичари, носители на јавни функции, граѓански активисти, луѓе да се бориме и избориме за почитување на човековите права“, рече Заев.
Германскиот амбасадор Герберих истакна дека наградата за човекови права во 2017 година се доделува вторпат на поборници за човекови права од целиот свет, кои во своите земји на посебен начин се заложиле за човековите права и владеење на правото. Медалот кој му се додели на Асани е изработен од уметничката Ана Марта Нап и претставува симбол за силната заложба за одбрана на човековите права.
Асани, заблагодарувајќи се за укажаната чест во својот кус говор, истакна дека не е важно кои сме и какви сме, кого сакаме и кој не сака. „Сите заслужуваме да бидеме почитувани бидејќи човековите права се универзални“, потенцира Асани.

Comments are closed.