Comments are off for this post

Францускиот претседател Емануел Маркон ќе ги забрани со закон родово базираните навреди

Навредите врз основ на род ќе станат нелегални во Франција. Според францускиот претседател со новата реформа, свиркањето или други сексуални навреди ќе се сметаат за кривично дело. Во обид да се намали насилството врз жените и девојките, каде 123 од нив беа убиени минатата година од нивните сопружници, Маркон ја објави реформата околу сексистичкиот јазик.
За време на говорот во Палатата ‘‘Elysee‘‘ на Меѓународниот ден за намалување на насилството врз жените, претседателот даде заклетва дека ќе помогне во искоренувњето на патријахалниот говор.
„Навредите врз основ на род ќе се криминализирааат“ рече за време на говорот францускиот претседател. Тој исто така вети отварање на онлајн линиа за советување за жртвите на секситичката дискриминација и сексуалното вознемирување. Маркон се изрази дека долг период луѓето биле индиферентни кон сексизмот.
„Ова останува неприфатливо. Жените и девојките треба да се чувствуваат удобно во јавните простори. Ова треба да биде еден од приоритетите на нашата политика“.
За жал Франција треба да работи силно во своето законодавство за да ги признае лицата со трет род или со различен родов идентитет од тој женско – машко.
Највисокиот Апелационен Суд во државата поддржа едена одлука во Мај, каде што се велеше дека се забранува една индивидуа во официалните документи да го одбере неуталниот род.
Извор: Pink News