Comments are off for this post

Калифорнија одобри книгите по историја во кои е опфатено движењето на ЛГБТ заедницата

Калифорнија е првата држава која во основните училишта одобри училишни текстови по историја каде е опфатено и ЛГБТ движењето.
Калифорнија е прва држава во Америка која одобри училишни текстови со содржина каде е опфатена ЛГБТ заедницата.
Предходните два учебника беа одбиени, бидејќи не ја обработуваа историјата на ЛГБТ движењето, а со тоа беа спротивно од законскиот акт.
Законот за кој станува збор, бара во наставните програми да се воведува ЛГБТ движењето, како и историјата за борба на права на лица со посебни потреби. Законот е изготвен од Марк Лено. Одлуката е поздравена од ”Equality California”, а извршниот директор Rick Zbur изјави:
„Оваа долгоочекувана победа е златна можност за студентите во Калифорниа за да научат за активизмот и историјата на ЛГБТИК+ заедницата. Одобрувањето на овие текстови значи дека школите ќе имаат акцес кон одобрените материјали одобрени од академските кругови, со точни информации околу ЛГБТ лицата“.
На почеток на оваа година Калифорнија имаше прогрес во признавањето на третиот род. Државниот сенат го одобри предлог законот кој дозволува индивидуите да го одберат третиот род во официалните документи како на пример: возачката дозвола и изводот на родени.
Моментално лицата од Калифорнија кои сакаат да го променат родот во официјалните документи треба да достават докази дека земале медицински третман за да се променат физички.
Извор: Pink News