Comments are off for this post

Се одржа Парадата на Гордоста во Косово – без инциденти

Стотици активисти на ЛГБТИ заедницата како и учесници од граѓанското општество, се собраа заедно на парадата во Косово која се одржа на 10 октомври во Приштина.
Овогодинешната новина беше организирањето на Неделата на Гордоста каде што, беа вклучени активности за подигање на свеста за проблемите со кои се соочува заедницата во секојдневието во Kосовo, како и тешкотиите од страна на активистите за организирање на Парадата на Гордоста.
На прадата и се прикучија и странски дипломати како и јавни личности од земјата. Премиерот Хашим Тачи имаше кратко излагање на почетокот на парадата:
„Тука сум за да ја изразам иституционалната подршка за ЛГБТИК заедницата и за да потврдам дека во Косово сите заедници се еднакви“ изјави премиерот Тачи.
Ленди Мустафа, еден од организаторите на парадата како и еден од првите јавни лица од ЛГБТ заедницата ги искажа своите впечатоци после парадата за Хисториа име:
„Денес се одржа првата парада во Косово, ова е голем момент за сите нас, бидејќи е за кое сме работеле долго, како и голем момент за целата заедница“.
Парадата течеше без инциденти до нејзиното завршување на плоштадот „Захир Пајазити“.
Преземено од www.historia-ime.com