Comments are off for this post

ИДАХОТ – Љубoвта не познава граници

По повод одбележувањe на Меѓународен ден против Хомофобија, Бифобија и Трансфобија (IDAHOT 2017) ЛГБТ Јунајтед Тетово, организираше јавна дебата, под наслов „ИДАХОТ – Љубвта не познава граници“ , во големата сала на Општина Тетово, на 16.04.2017 во 15:00 часот. Говорници на панел, дискусијата беа: Минире Пурелку – психолог и феминист, Заменик Народен Правобранител – Ирина Јовановска од Основно Јавно обвинителство – Тетово, Амбасадор на Кралство Холандија за Македонија г-дин. Вилем Воутер Пломп и Маја Морчанин – пратеник од ДОМ.

Дебатата ја отвори претседателот на ЛГБТ Јунајтед Тетово – Беким Асани, кој зборуваше за почетоците на организацијата и општествените услови од тој период, воедно даде краток опис на подоцнежната работа на организацијата.

По обраќањето, го повика Амбасадор на Кралство Холандија за Македонија, г-дин Вилем Воутер Пломп кој зборуваше за семејството како основен никулец на едно општество. Воедно ја отвори темата за каминг – аут пред членови од семејство и низ се што поминуваат младите ЛГБТ лица во Македонија, но и надвор.

Заменик јавен обвинител – Ирина Јовановска зборуваше за човековите права и важноста за нивно почитување. Даде свој осврт кон законот за анти – дискриминација, како јавен обвинител, а исто така зборуваше и за злосторство од омраза на база на сексуална ориентација и родов идентитет.

Пратеничката од ДОМ, во Собрание на Република Македонија – Маја Морчанин, зборуваше за политиката на нејзината матична партија во однос на сексуална ориентација и родов идентитет, го истакна проблемот со законот за анти – дискриминација, како и за проблемот со родова нееднаквост.

Минире Пурелку – психолог и феминист, зборуваше за траумите и проблемите со кои се соочуваат младите ЛГБТ лица во хомофобично општество. Го истакна проблемот со родови улоги во традиционално општество.

Откако се обратија сите панелисти следуваа прашања од публика и на крај се одржа промоција на Сигурна Куќа и кампањата „Прав(д)а за сите“ .

На крајот од денот по повод одбележувањето на петтиот роденден на ЛГБТ Јунајтед Тетово, се одржа забава во еден од локалите во Тетово.

LGBT IDAHOT