Comments are off for this post

Сексуално Преносливи Болести (ССТ)

Што ќе се случи ако имам позитивен резултат?

Сите СПБ можат да се лекуваат а некој и дефинитивно да се излечат. За некој СПБ има повеќе начини на лекување додека сите се лекуваат различито.

На пример:

Ако имате позитивен тест на Кламидија, ќе ви биде препишан антибиотик и тој ќе ја излечи болеста. Вие може повторно да се заразите со кламидија ако имате секс со личност која има кламидија, поради тоа пред да започнете повторно со сексуални односи многу е важно и вашиот партнер да се тестира и лекува од кламидија.
Ако сте позитивни на Херпес тогаш ќе ви биде препишан лек кој ги лекува симптомите. Овие лекови помагаат да се спречи повторната појава на херпесот и да се минимизира неговата јачина и можноста за пренос на партнерот.

Како да му соопштам на мојот партнер дека имам СПБ?

Некои разговори не се лесни, ваквото соопштение е едно од нив. Но не се работи само за вас. Вашиот партнер треба и мора да знае дали има СПБ за да може да се тестира и последователно ако е позитивен да се лекува. Секој добива СПБ од некој друг. Еден начин за спречување на ширењето на СПБ е отворен разговор и поради тоа треба да се разговара. Иако тоа не е лесен разговор сепак многу е важен разговор. Често пати ваквите разговори уште повеке ги зближуваат партнерите.
Бидете за вашиот партнер она што и вие посакувате тој да биде за вас.

Како да се заштитам?

Превенција од СПБ е многу важна. Најпрво треба да се едуцирате на тема СПБ, а потоа отворено да зборувате за истите исто така и разговорите со вашиот партнер се многу важни. Најдобар начин за заштита од СПБ е користење на КОНДОМИ! Исто така за жените кои имаат секс со жени важно е користење на Dental Dam и вагинални кондоми! Доколку користите секс играчки битно е да бидат измиени по и пред секс, а и да се корисат кондоми за истите.