Comments are off for this post

Овој геј маж е фаворит да стане премиер на Ирска

Лео Варадкар направи коминг аут малку време пред референдумот за истополови бракови во Ирска

Лео Варадкар би можел да стане првиот геј премиер во Ирска.
Анкетите покажуваат дека Министерот за Социална Заштита е на врвот во трката за премиер.
Прашани за тоа кој би сакале да биде иден премиер од партијата Fine Geal, 35% од анкетираните одговориле дека би сакале Варадкар да ја води државата.
Неговиот противник Симон Ковенез има само 23% од гласовите на народот.
Варадкар и Ковенез се сретнаа пред два дена за првпат со актуелниот премиер Енда Кени од кога двајцата законодавци го коментираа неговото раководење, пренесува РТЕ.
Изгледа Кени ќе се повлече откако ќе се врати од Вашингтон каде ќе ја презентира пред Доналд Трамп традицијата за Денот на Свети Патрик.
Во Јануари 2015 година, Варадкар направи коминг аут малку време пред да се одржи Ирскиот референдум за истополовите бракови.
„Јас сакам да бидам рамноправен граѓанин во мојата држава,“ изјави тој за радио РТЕ.
Преземено www.gaystarnews.com