Comments are off for this post

Oткриени се топ 10-те земји во Европа за работа за ЛГБТ лицата

Oткриени се топ 10-те земји во Европа за работа за ЛГБТ лицата

Норвешка се најде на врвот од топ 10 листата во Европа кога е во прашање вработувањето на ЛГБТ лицата.
Едвно ново истражување на Експерт Маркет ги истражуваше законот за антидискриминација, законот за вработување и толеранција во 43 држави, споредувајќи ја невработеноста и податоците за плати.
Финска, Белгија, Германија и Шведска се најдоа листата на топ 5 држави, додека Армениа се најде на дното од листата.
Британија се постави на десетото место.
Бењамин Полосе, кој го направи истражувањето, кажа за The loca дека досегашните податоци биле во корист само на оние кои одлучиле одморот да го минат надвор од нивната земја.
„Постојат многу истражувања за тоа каде може да одите ако сте ЛГБТ,“ објаснува тој. „Но тие се повеќе за тоа кои градови вреди да се посетат, но не се најдобри градови во кои би работеле“.
Објаснувајќи за тоа како Норвешка се најде на топ 10 листата, тој додаде: „Норвешка ја има нојдобрата заштита против дискриминација која може да ја имаме, и толеранцијата исто така е на високо ниво.“
„Стапката на невработеност е ниска, а платите се доста високи. Кога би бил работник и ЛГБТ, тоа е едно од најдобрите места каде би останал.“
Истражувањето им даде резултати на државите за шест сфери, кои беа поделени за на крај да дадат еден резултат.
Ерменија се наоѓа на дното од табелата.
Македонија, Азербеџан, Турциа и Русиа и се приклучуваат на Ерменија на петте последни места кои треба де се избегнуваат.
Норвешка често беше во центарот на вниманието за нејзината инклузивна политика, оваа година донесувајќи го законот за истополови бракови во Евангелиско-Лутеранската црква.
Таа стана втората земја во Европа која почна да обезбедува бесплатно ПрЕП лекови за превенција од ХИВ преку Националната Здравствена Служба во 2016 година. ПрЕП е познат за намалувањето на ризикот од инфекција со ХИВ за 86%.
Транс особите истотака имаат право за промена на полот само со потпишување на еден формулар, во една шема која исто така е отворена и за децата со одобрување на нивните родители.
Во спротивно, извештаите на Amnesty international покажуваат за високо ниво на насилство кон ЛГБТ луѓето во Армениа.
Земјата исто така беше критикувана за еден закон кој забрануваше дискусија за врските помеѓу лезбејки и геј, кој подоцна беше отстранет.
Оригиналниот текст може да го прочитате на pinknews.co.uk

http://www.expertmarket.fr/pays-pour-travailleur-lgbt
http://www.thelocal.no/20170127/why-norway-is-the-best-country-for-lgbt-workers