Comments are off for this post

Една тинејџерка е осудена со четири месеци затвор затоа што е транс

Една тинејџерка е моментално во затвор поради „делото“ што е трансродно лице.
Деветнаесет годишната девојка е осудена со четири месеци затвор поради „оштетување на добриот морал“.
Според нејзиниот адвокат, Муниор Батор, таа е уапсена во Ноември минатата година на една забава за Халовин.
Адвокатот вели дека таа беше уапсена бидејќи носеше женска облека.
Адвокатот исто така тврди дека полицијата ја зела во станица, потоа ја малтретирале, омаловажувале и исмејувале.
Девојката подоцна беше ослободена, до 19 Јануари кога беше повикана и осудена на четири месеци затвор, според локалните медиуми.
Таа моментално се наоѓа зад решетки откако казната беше стaвена веднаш во дејство.
Девојата беше обвинета за навреда на еден службеник додека тој ги извршувал неговите обврски.
Инцидентот се случил во Тунизиа.
Промената на полот не e илегален во оваа држава, но социалните ставови се многу конзервативни, и активности помеѓу лица од иститот пол, се казнуваат со по неколку години затвор.
Не необично за луѓето кои се видливо транс да бидат правно гонети поради противење на „јавната пристојност“.
Нејзиниот адвокат вели дека станува збор за еден „монтиран фајл од почетокот поради трансфобиа“.
Овој случај доаѓа после апсењето на две девојки во Монако поради гушкање во јавност.
Оригиналната вест може да ја погледнете на pinknews.co.uk